Ако Патриотскиот фронт и Реформисткиот блок направат влада во рамките на ова собрание, да си ја преземат одговорноста и да ги носат одлуките. Ова го изјави премиерот во оставка Бојко Борисов на излез од седницата на Консултативниот совет за национална безбедност.

На прашањето дали пратениците од ГЕРБ ќе го поддржат таков кабинет тој не даде јасен одговор.
 
„Ние пред две години предложивме коалиција на Реформистичкиот блок и Патриотскиот фронт, тогаш тие рекоа дека нема да влезат во власта, само ќе поддржуваат некои одлуки“, изјави Борисов.
 
„Јас нема да бидам премиер. Можам да бидам премиер само ако ГЕРБ е на власт и победи на изборите“, рече Борисов.
 
Тој остро го нападна избраниот претседател Румен Радев за неговото отсуство од КСНС. Според него откако народот го избрал и му гласал доверба, он би требало да присуствува и да каже „тоа, тоа и тоа“, како и што да се прави.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO