Неонацистичкото  Движење „Национален фронт“, познат по кратенката МНА.

Врската излезе  на површина  по апсењето на екстремистот  Иштван Дјоркош

Руски дипломати и луѓе во униформи на руското воено разузнавање учествувале во обуката на унгарски неонацисти, пишува во. „Фајненшл тајмс“.

Станува збор за активисти на неонацистичкото Движење „Национален фронт“, познат по кратенката МНА. Податоците кои ги цитира британското издание, се на тајни служби на Будимпешта.

Еден од лидерите на МНА – Иштван Дјоркош, во моментов е во притвор под обвинение за убиство на полицаец и ширењето на противочовечна идеологија.

Унгарски медиуми добиле пристап до преписката меѓу лидерите на неонацистичката група. Од разменетите им  пораки станува јасно дека тие се обиделе да обезбедат финансирање од Москва. Дјоркош пак финансирал руски сајт кој се занимава со дезинформации за војната во Украина.

Овие врски биле познати на властите во Унгарија, тврдат извори од локалните тајни служби пред „Фајненшл тајмс“. Официјална Будимпешта сепак преферира да не го покренува прашањето од загриженост  дека Москва ќе се откаже од заеднички економски проекти – гас и изградба на два реактори за нуклеарна централа во градот Пакш.

За руската помош на унгарските неонацисти станало јасно по апсењето на Иштван Дјоркош на крајот на октомври. Тогаш неговиот дом бил опколен од цивилни полицајци. Лидерот на МНА се забарикадирал и почнал да пука, при што убил еден чувар на редот.

„Ние не сметаме дека овој напад е резултат на заговор, подготвен од руската влада. Но имаме силни сомневања  дека Дјоркош е финансиран од  Русија“, коментира за инцидентот Петер Креко – директор на со седиште во Будимпешта тинк-тенк „Политички капитал“.

По апсењето на Дјоркош унгарската полиција спроведе рација во девет домови на различни места во земјата. Во нив биле откриени големи количества оружје на МНА. Арсеналот бил доста поголем и помодерен од очекуваното. Потеклото на ова  оружја сепак и до денес не е утврден.

Дјоркош отворено се нарекува себеси  нацист и се восхитува од Ференц Салаши – лидерот на унгарските нацисти за време на Втората светска војна. Салаши е основач на партијата „Крстосани стрели“ и е сојузник на Хитлер. Кога во 1944 година нацистичка Германија ја окупира недотаму послушната  Унгарија, на власт во Будимпешта доаѓа Салаши. Стотици илјади преживеани за време на неговиот предходник  Миклош Хорти евреи и цигани се уништени или депортирани во концентрациони логори. По војната Салаши е погубен.

Иштван Дјоркош организирал воена обука за другарител во планините во близина на родниот град Бон. Тој редовно ги поканува локалните жители да ги набљудуваат маневрите. Неонацистот бил повеќепати апцен  и осудуван за нелегално поседување оружје и злосторства поврзани со омраза.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан не ги крие симпатиите кон рускиот претседател Владимир Путин и повеќе пати ја разгневува  ЕУ со своите позиции за прашањата како што е миграцијата. Москва, пак финансира голем број екстремистички и крајно десничарски движења во Европа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO