Бум на викенд туристите има во Софија. Во последниве месеци странците кои патуваат само за два-три дена веќе jа вклучуваат и бугарската престолнина во плановите. Причината се новите линии на нискотарифните авионски авиокомпании.

Од почетокот на годината во Софија поминале околу 1 милион странци. Според податоците на туристички водичи, кои водат обиколки низ главниот град, во октомври растот е 140% на годишна основа.

Главно гостите во Софија се од Германија, Велика Британија или Франција.

Овој тип туризам обезбедува сериозни приходи и за хотели и за ресторани. Генерално, овој тип гости избегнуваат чисто туристички ресторани, а сакаат на соседната маса да има Бугари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO