Во последните недели, слични услуги во блиски сфери, пуштија светски лидери во финансискиот сектор како Bank of America и MasterCard

Бугарската ФинТек / FinTech / компанија Кредисимо е првата во светот, која пушти, јавна бета верзија на автоматизиран чатбот услуга за доделување на онлајн кредити. Чатботот овозможува целиот процес за избор на производ и аплицирање и одобрување зна аем од Кредисимо да се случува целосно во чат канал на Facebook – Messenger.

Слични инструменти до моментов се користат од светски гиганти како Facebook, Microsoft MasterCard, Bank of America и некои финансиски стартапи. Услугата веќе е достапна за бугарските корисници кои можат да побараат брз кредит во форма на разговор во чат апликација.

Предностите на чатботот

Услугата на основата на чатбот е уште погодност, заснована на техничка иновација што Кредисимоја  обезбедува на своите корисници. Чатбот платформите користат софтвер на принципот на вештачката интелигенција. Разликата со другите типови автоматизирани услуги е дека има флексибилност и леснотија на разговор со реален човек, кој ја подобрува значително корисничкото  преживување  и создава удобна средина.

Благодарение на новата услуга, Кредисимо веќе може да одржува автоматизирани дијалози со своите клиенти, кои да водат до конкретни активности, да ги преведуваат чекор по чекор низ услугата до нејзиното финализирање без тоа да зависи од моменталниот  обемот на вработените во компанијата. Со други зборови чатботот  нуди брза услуга на корисниците во исто време дополнително ограничување на ризичен фактор во процесот на кредитирање.

Безусловно автоматизирани ботови, како овој на Кредисимо, се дел од идната комуникација меѓу корисник и трговец. Како асистент Siri на Apple, Alexa на Amazon и Google Assistant, тие можат да работат како со текст, така и со гласовни команди.

Чатбот технологијата е во процес на многу брз развој и се очекува во наредните години нејзините можности да ги прикријат традиционалните канали за обезбедување на услуги и комуникација на компаниите со нивните корисници.

Како работи чатбот услугата на Кредисимо?

Чатбот Messenger услугата на Кредисимо им помага на корисниците во целиот процес за апликација за онлајн заем. Клиентот, преку разговор пораки, може да поставува прашања на робот и со негова помош да избира износ и период на отплата. Процесот е значително побрз, поедноставен и подостапен од другите традиционални форми на апликација. Чатботот ги собира и резимира потребните информации за пополнување на барањето и така завршува процесот во рамките на минути.

Единственото потребно на клиентот, за да започне постапка е да има апликацијата Facebook Messenger на телефон или десктоп верзија на компјутерот.

 

Кредисимо го следи внимателно развојот на можноста за интегрирање на чатботовите која беше претставена неодамна од Facebook. Компанијата работи на интеграцијата на автоматизирани разговор услуги и за останатите најкористени апликации како Viber, WhatsApp, Skype. Основната цел на Кредисимо е да им се олесни максимално на  клиентите со тоа што секогаш е до нив, подготвена да одговори на нивните потреби со само еден клик.

Истражувањата покажуваат дека корисниците ја преферираат оваа полесна опција за пристап до различни видови на услуги – од финансиски во шопинг, и до резервација на одмор. Чатботовите се уште еден чекор напред кон целосно човечка форма на разговор помеѓу корисник и робот којо услужува.

Кредисимо е водечка хај компанија специјализирана за небанкарски финансиски услуги со речиси десетгодишно искуство. Оперира главно на бугарскиот и македонскиот пазар, со планови да се прошири и во други европски земји.Нејзиниот  иновативен пристап ги прави лидер на бугарскиот пазар на онлајн кредитирањето.

Кредисимо постојано ги прилагодува услугите кон брзорастечките кориснички очекувања со тоа што за таа цел, развојниот оддел на компанијата ги користи можностите што произлегуваат од развојот на дигиталната и информатичката технологија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO