Инсталацијата „Америка“ на уметникот Маурицио Кателан направи бура во њујоршкиот музеј „Гугенхајм“. Она се состои од функционална тоалетна шолја од 18-каратно злато. Луѓето чекаат по два часа во ред за да ја испробаат.

Италјанскиот уметник Маурицио Кателан (56), познат по смелите трудови со кои постојано се исмева на општеството, во 2011 година објави дека заминува во пензија. Меѓутоа, пет години подоцна се врати со новиот проект во музејот „Гутенхајм“.

„Оваа златна вц-шолја, која Кателан ја направи достапна за јавноста, е екстравагантен и луксузен објект наменет за најбогатите луѓе на светот. Неговиот тоалет потсетува на американскиот сон во кој сите имаат еднакви можности, а неговата намена на крајот, потсетува на тоа дека сите сме човечки суштества со исти физиолошки потреби“, изjави музејот.

Во меѓувреме стана познато дека оваа инсталација е тесноповрзана со политиката и бизнис-кариерата на Доналд Трамп. Трамп има златна столица во неговиот стан во Њујорк, само не е познато дали поседува и златна тоалетна шолја.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO