Нема да биде активирана процедура за интерпелација на францускиот претседател Франсоа Оланд. Тоа одлучи парламентарна комисија, јавува Ројтерс.

Француски пратеници бараа отстранувањето на Оланд од власт поради коментари од страна на државниот глава пред двајца новинари, кои откриваат дека француските тајни служби извршиле четири убиства по наредба на лидерот на земјата.

На седница на парламентарна комисија 13 пратеници гласаа против барањето за активирање за постапката за импичмент, рече претседателот на парламентот Клод Бартолон.

Нема коментар од страна на Елисејската палата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO