Поранешниот претседателски кандидат на Републиканската партија Мит Ромни е главен кандидат за функцијата

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп смета дека поранешниот претседателски кандидат на Републиканската партија Мит Ромни е главен кандидат за функцијата државен секретар на САД, соопштија  светските агенции. Потсетуваме дека за време на кампањата тој го нарече милијардерот лажго.

Според податоците на в. „Волстрит џурнал“ Трамп во моментов е склон да ја понуди функцијата на познатиот по антируските изјави Ромни. Некои од блиските до Трамп сепак држат на кандидатурата на поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани или да се продолжи со барањето на соодветна кандидатура, наведува весникот, цитиран од БТА.

Новоизбраниот претседател најверојатно ќе го предложи за функцијата шеф на Пентагон, пензионираниот генерал Џејмс Матис, а постојан претставник на САД во ОН по секоја веројатност ќе стане гувернерот на државата Јужна Каролина Ники Хејли, додава уште в. „Волстрит џурнал“. За време на предизборната кампања во 2012 година, Ромни ја нарече Русија „геополитички противник број 1 на САД“, но загуби на изборите против Барак Обама, потсетува ТАСС. Во последниве месеци Ромни редовно го критикуваше Трамп и одби да го поддржи пред изборите.

Трамп додаде на Твитер дека размислува сериозно да назначи за министер за домување и просторно планирање Бен Карсон, поранешен неврохирург и ривал на Трамп за номинацијата на Републиканската партија, пренесе Франс прес.

Новоизбраниот претседател изјави пред новинарите од весникот. „Њујорк тајмс“ дека неговото управување нема да биде обележано  со конфликти на интереси. Тој, сепак, не соопшти конкретни чекори кои има намера да ги преземе во врска со тоа. „Во теорија би можел истовремено да раководам бизнис и да ја водам совршено земјата“, истакна магнатот, говорејќи за флексибилното  американско законодавство. Тој, сепак, додаде дека би сакал да направи нешто за да ги раздели јасно овие две активности, забележува АФП.

Синоќа потпретседателот на САД Џо Бајден ги повика своите симпатизери да и дадат шанса на новата администрација на Доналд Трамп, соопштува ТАСС. Тој се состана со своите поддржувачи, кои одржуваа демонстрации пред неговата резиденција, за да му заблагодарат за осумте години работа како потпретседател и ги увери дека за него била голема чест да го зазема овој пост.

„Останува да се направи уште многу. Освен тоа треба да и дадеме шанса на новата администрација“, истакна Бајден. „Токму така работи демократијата“, додаде потпретседателот на САД, цитиран од ТАСС.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO