
Минатата година читателите на списанието ја избраа Куба
Познатото американско списание за туризам Travel and Leisure ја прогласи Хрватска за „светска дестинација на годината“, која добила најмногу гласови од читатели кои гласале онлајн, пренесе БНТ.
При гласањето Хрватска освоила 28 проценти од вкупниот број на гласови на читателите, про што на второ место ја оставила Португалија со 24 проценти.
Иако и втора по гласовите на читателите, Португалија е прва според изборот на редакцијата на списанието.
Номинации за светска дестинација за оваа година имале и Портланд, Хаваите, Париз, Нов Зеланд, Исланд, Рио де Жанеиро.
Минатата година читателите на списаниетоја избраа Куба.
