Според зборовите на турскиот министер опсегот на договорот ќе биде толку широк, како оној на Договорот за царинска унија меѓу Турција и ЕУ

Турција започна преговори со Британија за потпишување на договор за слободна трговија, откако Велика Британија конечно ја напушти ЕУ. Соопштението уследи од министерот за економија Нихат Зејбекчи во неговиот  говор пред парламентот.

Според зборовите на турскиот министер опсегот на договорот ќе биде толку широк, како оној на Договорот за царинска унија меѓу Турција и ЕУ. Договорот  беше потпишан во 1995 година и беше осовременен  минатата година.

Во меѓувреме, во Турција напредува подготовката на проектот на владејачката Партија на правдата и развојот за новиот устав на земјата, кој вклучува воведување на претседателски систем, за што е потребна промена во уставот.

Премиерот Бинали Јилидрим започна разговори со лидерот на Партијата за националистичка акција Девлет Бахчели, кој претходно најави дека неговата партија ќе го поддржи проектот. Така владејачката АКП ќе го има потребниот број гласови и за промена на уставот. Но главната опозициска Републиканска народна партија на Кемал Киличдароглу е против промената.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека претседателскиот систем ќе и  овозможи на земјата да се развива многу побрзо.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO