фотографиja: leonardcohen.com

Канадскиот поет, писател, автор и изведувач на песни Ленард Коен почина на 83-годишна возраст, пренесе АФП.

„Со голема тага известуваме дека си отиде легендарниот поет, композитор и изведувач Леонард Коен. Загубивме еден од највредните и продуктивни визионери во светот на музиката“, се вели во соопштението на страницата  на Коен на Фејсбук. Неговата смрт беше потврдена од музичката компанија Sony Music Canada и од членови на неговото семејство.

Коен почина во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи и збогувањето  со него. Датумот ќе биде објавен  покасно.

Леонард Коен е роден во 1934 година во Уестмаунт до Монтреал во англо-јазично  еврејско семејство. Ја публикуваше првата стихозбирка во 1956 година, а својот прв роман – во 1963 година.

Раните песни на Леонард Коен, многу од кои се вклучени во албумот од 1967 година „Songs of Leonard Cohen“, биле под силно влијание од централноевропската народна музика. Во 70-тите години неговата музика вклучува повеќе елементи на поп, кабаретна музика и ворлд мјузик . Во 80-тите години високиот му баритонов глас постепено се поместува кон пониските регистри (бас баритон и бас), а неговите песни често се акомпанирани од синтисајзери и женски беквокали.

Музиката на Коен има силно влијание врз други автори на песни. Зачувани се стотици варијанти на негови дела.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO