donald-tramp-nedeljnik-670x447Цела Србија ја поздрави бурно победата на Доналд Трамп над Хилари Клинтон во претседателската трка во САД. Стискавме палци за Трамп, бидејќи фамилијата Клинтон донесе несреќа и смрт за српскиот народ. Тоа го коментираат по улиците на Белград и други градови во земјата стотици граѓани.

За цело време на кампањата го поддржувавме Трамп, и покрај измислените  компромати и напади против него. Никогаш нема да го заборавиме и да го простиме  она што ни го направија Клинтонови! Бог го даде својот благослов за подобриот и и пресуди на Клинтон. Тоа пишуваат повеќето српски медиуми денес. Сајтот Блиц во натпис од град Параќин ја опишува народната радост од избоните резултати во САД. Тоа е градот каде се наоѓа фабриката за стакло.  Срцата ни заиграа  со победата на Трамп, гласи насловот на материјалот. Уште од утрото жители на Србија се честат  и се собираат на улиците, каде се поздравуваат за победата на новиот претседател и неуспехот на Хилари Клинтон.

Во други публикации се опишуваат милитаристичките намери на Хилари кои сега требало да пропаднат. Меѓу нив е и испраќање на американски војници во бази на САД во Бугарија и Романија. Балканот ќе е помирен со Трамп, а претставникот на демократите Клинтон, предвидуваше да ги претвори во фронтова територија, коментираат новинари.

Вистинска радост од изборот на Доналд Трамп за претседател владее уште во Хрватска, Црна Гора, Косово и Босна и Херциговина. Овие балкански земји ги почувствуваа на грбот бомбардирањата, наредени од Бил Клинтон. Загинаа многу луѓе, уште повеќе беа повредени, а мостови, претпријатија, фабрики, училишта и болници беа уништени од авијацијата, потсетуваат локални медиуми. Според нив промената во Белата куќа ќе влијае на цела Европа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO