Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Грција беше почувствуван во Бугарија и Македонија.

Тој беше регистриран во 13.12 часот по македонско време. Епицентарот е на 9 километри западно од с. Сараѓол, а длабочината – 10 километри, според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Според податоците на БАН потресот е со интензитет 4.9.

40-тина минути порано системот регистрира друг земјотрес во Грција со интензитет 3.3 степени по Рихтер. 32 минути по најсилниот земјотрес се случи нов земјотрес во реонот. Тој е со сила 2,5 според ЕССЦ (2.9 според БАН).


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO