

Во најновиот извештај на меѓународната организација Фридом хаус за 2016 година, Македонија падна од делумно слободна во неслободна земја, информира sdk.mk
Според Фридом хаус, причината за назадувањето е „откривањето дека постои големо незаконско владино прислушување на новинарите, коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми и зголемување на заканите и нападите врз медиумските работници“.
Во резимето на извештајот се вели дека медиумите во Македонија се длабоко поделени по политичка линија.
„Самоцензурата меѓу новинарите е вообичаена, пред сѐ поради притисокот од сопствениците на медиумите со особени бизнис или политички интереси и, од неодамна, поради загрженоста од прислушувањето. Новинарите се лошо платени и се соочуваат со закани и малтретирање кога се занимаваат со истражувачко новинарство или критичко пишување,“ се вели во извештајот на Фридом хаус за Македонија за 2016.
