Софија Куновска поднесе оставка од местото претседателка на Градската организација на СДСМ незадоволна од листите за кандидати на пратеници, пише Плусинфо.

„Освен што оставката е личен и морален чин, сепак е внатрешно прашање на СДСМ. Причините ги соопштив на централниот одбор и ќе дозволите да се воздржам од каков било дополнителен коментар“ изјави Куновска.

Причина за оставката на Куновска, неофицијално, е нејзината реакција за поставувањето на Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ, на добитна позиција на пратеничката листа на СДСМ.

„Како е можно таа што беше втора зад Груевски на листата на режимот од 2014, а денес да е на шесто место на листата што треба да го урива режимот, реагирала досегашната лидерка на скопските социјалдемократи.

Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO