На конгресот на СДСМ со 597 гласови за, еден против и 24 воздржани беа усвоени кандидатските листи за пратеници за престојните парламентарни избори што треба да се одржат на 11 декември.

За носители на листите се избрани, Стево Пендаровски поранешен претседателски кандидат во првата изборна единица, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во втората изборна единица.

Љупчо Николовски, заменик министер за земјоделство е избран за носител во третата изборна единица, а лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе ја предводи листата во четвртата изборна единица.

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ќе биде носител во петата изборна единица, а портпаролот на партијата Петре Шилегов ќе биде носител во шестата изборна единица.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO