Ви ја ветувам Македонија со целата нејзина гордост, а вие, со целото достоинство и гордост како живеете токму тука, во Република Македонија, и како нашите деца живеат тука, и како ќе почне моментот и тие што ни заминаа да се вратат овде. Ви ветувам напредна, успешна Република Македонија, гордост на секој граѓанин подеднакво, што живее овде, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев при вчерашното обраќање пред делегатите на 21. Конгрес на партијата на кој се утврдуваа кандидатските листи за парламентарните избори на 11 декември.

Ова го заслужувате почитувани делегати поради историската одлуката што вечерва ја донесовте. Вие од името на СДСМ вечерва потврдивте дека не веруваат само граѓаните во граѓанскиот концепт. Гласајќи вакви листи вие потврдивте дека најголемиот политички субјект, најдржавотворниот политички субјект верува во граѓанскиот концепт. И тоа е концептот којшто ќе успее во Република Македонија. Токму затоа оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех. Оваа коалиција со граѓаните што ќе го врати животот во Македонија. Ова е коалиција со граѓаните коja излегува на избори на 11 декември и победува! Затоа што ова е коалиција за животот. На 11-ти декември носиме живот во Република Македонија! Да живее Република Македонија! Да живеат граѓаните на Република Македонија! Нека ни е со среќа и успех на сите.  Нека и е со среќа и успех на Република Македонија!, рече Заев.

Заев ќе ја предводи листата во четвртата изборна единица.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO