
„Булгартрансгаз“ ЕАД и „eustream“ a.s ќе работат на подобрување на безбедноста на снабдувањето со природен гас во регионот на Централна и Југоисточна Европа и за реализација на инфраструктурни проекти – гасен центар „Балкан“ и гасоводот „Иjстринг“. Тоа предвидува потпишаниот денеска Меморандум за разбирање помеѓу бугарскиот и словачкиот гасоводен оператор, соопштија од Бугарското Министерството за енергетика.
„Булгартрансгаз“ и „eustream“ ќе развијат концепт за развојот на газоразпределителен центар во согласност со проектот Eastring.
Двете страни детално ќе ги анализираат и ќе ги разгледаат техничките можности за координираното спроведување на двата проекта.
Во меморандумот е запишано уште дека двете компании ќе работат за промовирање на конкурентноста и подобрување на либерализацијата на заеднички пазар на гас. Предвидена е исто така и вкупната регионална цел и потребата од развој на меѓусистемно поврзана гасоводена инфраструктура.
