Британската централна банка наведува дека Брегзит може да предизвика „материјално пониски“ изгледи за економски раст.

Банката на Англија предупреди дека референдумот за членство на Британија во Европската Унија, в четврток, претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари.

– Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари, се вели во записник од јунски состанок на Банката на Англија. Тогаш е одлучено банката да ја задржи каматната стапка од 0,5 отсто.

– Ако се гласа за излегување од ЕУ, курсот на фунтата ќе се намалува, со можност нагло да се намали – се додава во записникот.

Британската централна банка наведува дека Брегзит може да предизвика „материјално пониски“ изгледи за економски раст.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO