mald1Веројатно ако рајот се наоѓаше на Земјата, тогаш дел од него сигурно ќе беше сместен на Малдивите .

Островите се исклучително популарна туристичка дестинација што го објаснува непрестајното никнување на нови луксузни хотели во овој дел на светот.

Неповторливиот ризорт Hideaway Beach Resort & Spa се наоѓа на еден од најголемите Малдивски острови – Dhonakulhi. Хотелот плени не само со своите пет ѕвезди, но и со приватноста и спокојството што се нуди на посетителите.

mald2

По инвестицијата од 50 милиони долари, ризортот повторно ги отвора вратите и тоа само пред околу еден месец. Тој се радува на една од најпосакуваните локации во Индискиот Океан, кога станува збор за нуркање и запознавање на морскиот свет.

Луксузниот комплекс нуди 103 неверојатни вили, поделени во осум различни категории за сместување. Едни од најатрактивните дефинитивно се 50-те куќи, лоцирани над сината лагуна. Целиот хотел е исполнет со палми и бујна вегетација, што дополнително го засилува пријатното чувство на летувалците.

Во нашата галерија може да се нурнете во уште Малдивски рај и да го разгледате луксузниот ризорт Hideaway Beach Resort & Spa.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO